Корисничко име Лозинка Пријави се
17.7.2018

Конте со стил се збогува од Челзи по отпуштањето

Антонио Конте, поранешниот менаџер на Челзи, се збогува од клубот и од навивачите и изјави дека од Лондон ќе понесе многу убави спомени.

Тој им се заблагодари на луѓето коишто беа со него во стручниот штаб, на играчите и на навивачите, а на клубот му посака сè најдобро.
„Сакам да им се заблагодарам на навивачите и на сите свои пријатели во Челзи за својата посветена работа во последните две сезони коишто ни овозможија да ги освоиме Премиер лигата и ФА купот заедно. На играчите, чиј талент и посветеноста беа толку важни за нашите успеси, им се заблагодарувам за сè. Беше задоволство да се работи со нив секој ден“, напиша Конте во писмото.
Тој со тоа воедно одговори и на срамното поздравување и на соопштението од две реченици кое Челзи го издаде дента кога го отпушти и на негово место го доведе Маурицио Сари од Наполи.
„На својот штаб, кој секогаш работеше напорно, морам да му се заблагодарам за професионализмот во текот на целиот процес. Уживав во Англија и во Лондон и сакам да им се заблагодарам на навивачите на Челзи, кои кон мене беа фантастични, како и кон моето семејство. Беше убаво што можев да ги делам своите емоции, страст и ентузијазам во текот на двете незаборавни сезони со овие навивачи кои секогаш ќе останат во моето срце“, додаде поранешниот тренер на Челзи.
На својот, сега поранешен клуб, исто така, му посакувам среќа во продолжението на сезоната.
„Се надевам дека Челзи ќе продолжи со успесите и на сите им посакувам сè најдобро во наредната сезона. Овде стекнав многу убави спомени кои ќе ги понесам со себе во новите предизвици“, изјави Конте.

Најнови вести