Корисничко име Лозинка Пријави се
03.8.2018

Македонија ја растури Данска со 31 разлика

По оваа победа, „црвено-жолтите“ ќе разигруваат од 17-то до 20-то место

Македонските кошаркарски надежи до 18 години конечно одиграа еден квалитетен меч и победија убедливо. „Црвено-жолтите“ убедливо со 85:54 славеа над Данска, на Европското првенство, во Б дивизија. 
По оваа победа, „црвено-жолтите“ ќе разигруваат од 17-то до 20-то место, а следен противник е Азербејџан.  
Уште од првата четвртина, Македонија У18 покажа дека ќе се радува на крајот против Данска. По првите 10 минути нашите надежи водеа со 20:12, а веќе на полувремето разликата се зголеми дури на 23 поени предност (48:25). 
Тогаш беше јасно кој ќе биде победникот, само беше непознат конечниот резултат. На крајот резултатот беше 85:54 за Македонија, во меч на кој Ваљмир Какруки даде 19 поени, а по 15 поени постигнаа Лука Стојановски и Андреј Јакимовски. Вкупно 10 наши кошаркари се запишаа во листата на стрелците во триумфот на Македонија на ЕП Б дивизија. 

 

Најнови вести