Корисничко име Лозинка Пријави се
08.8.2018

Има нов најскап голман, ама кој ја плати сумата?

Атлетик Билбао потврди дека за Кепа се платени 80 милиони евра

Шпанскиот клуб Атлетик Билбао потврди дека ја активирале откупната клаузула од договорот со голманот Кепа Арисабалага. За шпанскиот репрезентативец се платени 80 милиони евра, со што и автоматски е новиот најскап голман во историјата, надминувајќи ја сумата од 75 милиони евра, кои Ливерпул ги плати за доведување на Алисон од Рома. 
Интересно е што Атлетик Билбао засега не открива кој е клубот кој ја платил рекордната сума за голманот, но се шпекулира дека тоа е Челзи. Англискиот премиерлигаш се подготвува да најде замена за Тибо Куртоа кој е на излезна врата и на пат кон Мадрид, каде треба да потпише за Реал. 
„Бараната сума за активирање на трансферот е уплатена и договорот е постигнат. Атлетик му благодари на играчот за се што направи за овој клуб“, стои во официјалното соопштение на тимот од Баскија. 

 

Најнови вести