Корисничко име Лозинка Пријави се
19.8.2018

Алегри има само пофални зборови за Роналдо: Одигра одлично, нашите везни играчи не го воигруваа како што треба

Кристијано Роналдо вчера дебитираше во дресот на Јувентус во Серија А, не постигна дебитанстки гол кој сите го очекуваа, а „старата дама“ со последни сили издвои триумф против Киево

Тренерот на Јувентус, Максимилијано Алегри, по вчерашниот триумф од 2-3 против Киево во првото коло, најмногу одговори на прашањата околу настапот на Роналдо. Италијанскиот стратег имаше само пофални зборови за новата ѕвезда на Јуве, и посочи дека е задоволен од она што Роналдо го покажа на теренот.

„Кристијано одигра добар меч. Физички го издржа темпото, треба да се напомене дека тој со нас тренира само седум дена. Штета што не погоди, имаше неколку добри удари кон голот кои лесно можеа да бидат погодоци, но и нивниот голман беше на ниво на задачата. Одлично се движеше во празен простор, меѓутоа нашите везни играчи не му достатуваа топки на вистинското место. Нормално, не може сѐ сам, неговиот учинок зависи и од играчите околу него, мора да му обезбедат што посигурна шанса за гол. Ако се земе сѐ во предвид, импресиониран сум како го одигра првиот меч и како се воигра со остатокот од тимот, наскоро ќе ги видиме и неговите голови“, посочи Алегри на прес-конференцијата по мечот со Киево.

Најнови вести