Корисничко име Лозинка Пријави се
19.8.2018

Хетафе треба да се плаши од Бејл

Велшанецот ги постигнуваше првите голови за Реал во претходните три сезони

Герет Бејл е човекот кој ги постигнуваше првите голови за Реал Мадрид во шпанското првенство во 2015, 2016 и 2017 година. Дали и четврта сезона по ред, „сефтето“ за најтрофејниот шпански клуб ќе биде дело на Велшанецот, ќе се види вечерва од 22.15 часот, кога Реал ќе го пречека Хетафе. 

Сега кога во белиот дрес веќе го нема Кристијано Роналдо, Бејл уште повеќе се наметнува како фаворит за прв стрелец на Реал во новата сезона. Бејл е и најплатениот играч во тимот, па очекувањата од фановите се големи, а на него му останува да ја игра главната улога, исто како кога настапува за репрезентацијата на Велс или во минатото за Тотенхем. 

Во 2015, кога на клупата на Реал седеше Рафа Бенитез, првиот гол на Бејл придонесе за триумф од 5:0 над Бетис, а тоа беше дуел од второто коло. Во 2016, Бејл отвори со гол со глава на гостувањето на „Аноета“ кај Реал Сосиедад, каде мадридскиот клуб славеше 3:0. И во минатата сезона, Реал тргна со триумф од 3:0, и тоа на гости кај Депортиво Ла Коруња, а реализатор на погодокот за 1-0 беше Бејл. 

 

Најнови вести