Корисничко име Лозинка Пријави се
30.8.2018

Дани Алвес со нов број на дресот

Бројот 13 ќе го носи во чест на Марио Загало, човекот што има четири светски титули

Десниот бек на ПСЖ и бразилската репрезнетација, Даниел Алвес, наместо бројот 32 како досега, во претстојната сезона на грбот на дресот ќе го носи бројот 13. За многумина „13-ката“ е баксузен број, но Алвес не мисли така и потегот го прави со посвета. 
Искусниот 35-годишен Бразилец поради операција на коленото, го пропушти Светското првенство во Русија и сега со нетрпение го очекува својот прв настап во новата сезона на клупска сцена. Камбекот нема да се случи брзо, Дани нема да може да игра до крајот на календарската година, а кога ќе заигра, ќе има новина на дресот. 
„Сакам да ги менувам броевите во чест на луѓето кои се инспирација за мене. Бројот 13 ќе го носам во чест на нашиот идол, незаборавниот Марио Загало. Тој беше личност која многу направи за бразилскиот фудбал, некој што знае колку е тешко да се успее. Секогаш ќе го почитувам“, ја објасни Алвеш, својата одлука.
Загало, кој има 87 години, во 1970 година стана првиот човек кој освоил Светско првенство и како играч (1958 и 1962) и како селектор (1970), а четвртата титула му е од 1994 година, кога беше помошник-селектор. Тој како играч носеше дрес со бројот 13.