Корисничко име Лозинка Пријави се
14.11.2015

Ред фудбал, ред газење на ремито на „Монументал“

Репрезентацијата на Аргентина и Бразил ремизира со резултат 1-1 во дерби натпреварот од третото коло на јужноамериканските квалификации за Светското првенство во 2018 година.

Натпреварот на „Монументал“ помина со доминација на „гаучосите“ во првиот половина час, а водството им го донесе погодокот на Езекиел Лавеци, за во второто полувреме Бразил да успее да се ослободи од притисокот и да изедначи со голот на Лукас Лима.
Крајот на натпреварот помина во знакот на нечиста игра на двата тима, Бразил го заврши натпреварот со десетмина на теренот, откако Давид Луис во рок од две минути заработи два жолти картона.
Неколку минути подоцна судиите не забележаа кога Рамиро Мори го удри Даниел Алвес, па домаќините поминаа без исклучување.
Овој реми натпревар повеќе и одговараше на репрезентацијата на Бразил, кој по три одиграни кола има четири бодови, додека пак Аргентина остана само со два бода.
Лидерот на јужноамериканските квалификации на Мундијалот во Русија е Еквадор со максимален успех на три натпревари, Чиле има седум, а Уругвај шест бодови.
Бразил во следното коло го дочекува Перу, додека пак Аргентина првата победа ќе ја бара во Колумбија.

Најнови вести