Корисничко име Лозинка Пријави се
26.1.2012

Бентнер подолг период надвор од терените

Никлас Бентнер, напаѓачот кој во редовите на Сандерленд настапува како фудбалер на заем од Арсенал, ќе биде надвор од терените на подолго време откако на дуелот против Свонси заработи фрактура на лицето и носот.

Данецот на теренот мина само дванаесет минути откако доби удар со нога во главата од дефанзивниот играч на противничката екипа Анхел Ранхел.
Дваесет и четиригодишниот фудбалер во тој судир се здоби со повеќе фрактури на главата, како и скршен нос, така што тој нема да може да му помогне на својот тим во саботниот дуел од ФА купот против Мидлсборо, како и на дуелите од Премиер лигата против Норвич и Стоук.
„Повредата е повеќе од фрактура на носот. Според првите процени, тој ќе биде надвор од стројот на подолг период, што, секако, е огромна загуба за нас“, рече менаџерот Мартин О’Нил, од кого се очекува сега поголема минутажа да му даде на младиот напаѓач Фрејзер Кембел.

Најнови вести