Корисничко име Лозинка Пријави се
31.1.2012

Божинов се врати во Лече

Валери Божинов, репрезентативецот на Бугарија, се врати во својот поранешен клуб Лече, во кој ќе игра до крајот на тековната сезона како фудбалер на заем од редовите на Спортинг Лисабон.

Бугаринот повторно се врати во клубот во кој ги доживеа своите најдобри денови, од каде што подоцна настапуваше и за Фиорентина, Јувентус, Манчестер сити, Парма и на крајот во Спортинг Лисабон.
„Многу сум среќен поради доаѓањето на Божинов. Тој сè уште е млад фудбалер, но со огромно искуство. Мислам дека враќањето во Лече може да го инспирира и повторно да стане голем фудбалер и опасен напаѓач“, рече тренерот на клубот Серсе Козми.
Божинов по 2005 година се враќа во клубот кој го лансираше меѓу најдобрите европски напаѓачи.

Најнови вести