Корисничко име Лозинка Пријави се
02.2.2012

Дефо и Ленон неизвесни за Ливерпул

Џермејн Дефо и Арон Ленон се под знак прашалник за натпреварот од дваесет и четвртото коло од Премиер лигата против Ливерпул.

Овие двајца напаѓачи не настапија на дуелот против Виган во вторникот, кога нивниот тим славеше со 3-2, поради повреди, а помошникот менаџер Кевин Бонд не е сто отсто сигурен дали тие ќе бидат доволно фит за гостувањето кај Ливерпул, натпревар кој ќе се одигра во понеделник.

„И Џермејн и Арон се под голем знак прашалник за настап во понеделник. Медицинскиот тим работи напорно да ги оспособи, па само прашање на време е дали ќе успеат во тоа или не“, изјави Бонд.

Тотенхем, исто така, не е сигурен дали офанзивниот играч за врска, Холанѓанецот Рафаел ван дер Варт, кој се повреди на натпреварот со Виган, ќе успее да закрепне навреме.

Најнови вести