Корисничко име Лозинка Пријави се
11.2.2012

Тотенхем без Ван дер Варт

Поради повреда на мускулот на ногата, поради што го пропушти дуелот со Ливерпул, Рафаел ван дер Варт, холандскиот играч за врска на Тотенхем, нема да игра ниту против Њукасл денес.

Ова е втор многу важен натпревар за Тотенхем во рок од пет дена. Откако во понеделникот ремизираше со клубот од „Енфилд роуд“, ова коло како домаќин ќе го пречека сезонава одличниот Њукалс. Менаџерот Хари Реднап сè уште има долг список на повредени фудбалери или, пак, оние коишто се под знак прашалник за настап.

Рафаел ван дер Варт дефинитивно нема да биде на располагање, но освен него во тимот нема да бидат ниту Вилијам Гала ниту Том Хадлстон.

Добра вест за Реднап е враќањето во тимот на двата напаѓачи, Џермејн Дефо и Арон Ленон, коишто потполно закрепнаа од повредите.

Најнови вести