Корисничко име Лозинка Пријави се
17.2.2012

Рамос како десен бек против Сантандер

Жозе Мурињо, најверојатно, ќе го врати Серхио Рамос на позицијата десен бек за натпреварот против Сантандер.

Шпанските медиуми пренесуваат дека Мурињо на последниот тренинг вежбал тактика со Рамос како десен бек.

На позицијата централни дефанзивни играчи биле Рикардо Карвалјо и Пепе, додека закрепнатиот Марсело на левата бочна позиција.

Рамос својот последен натпревар како лев бек го одигра против Ајакс во Лигата на шампионите на 27-ми септември минатата година, а тоа беше последен меч за Карвалјо, кој тогаш се здоби со повреда.

Сега, откако Португалецот повторно е во првиот тим, Рамос се враќа на својата првична позиција - покрај десната аут-линија

Најнови вести