Корисничко име Лозинка Пријави се
28.2.2012

Холанѓаните на „Вембли“ без Ван дер Варт

Рафаел ван дер Варт, стандардниот репрезентативец на Холандија, нема да игра за националниот тим против Англија на „Вембли“, соопшти Фудбалскиот сојуз на Холандија.

Ван дер Варт го повреди глуждот на дерби-мечот на Премиер лигата, во кој неговиот клуб Тотенхем изгуби од градскиот ривал Арсенал со 5-2.
Претходно, поради повреда настапот на „Вембли“ го откажа и Михел Ворм, голманот на Свонси.
Натпреварот Англија – Холандија се игра на 29-ти февруари во 21 часот. Овој меч требаше да се игра во август минатата година, но тогаш беше одложен поради големите немири во Лондон.

Најнови вести