Корисничко име Лозинка Пријави се
07.3.2012

Балотели исфрлен од шопинг-центар

Марио Балотели, италијанскиот репрезентативен напаѓач на Манчестер сити, и понатаму ги полни насловите во печатот, па дури и оние кои не пишуваат за фудбалот.

Дваесет и едногодишниот фудбалер се одлучил да отиде во шопинг-центарот во Манчестер заедно со пријателите. Притоа ја ставил качулката на главата не почитувајќи ја политиката на центарот, според која не смее да се носи качулка. Некој од вработените во шопинг-центарот го замолил да ја открие главата, но Балотели одбил да го направи тоа со објаснение дека сака да го скрие својот идентитет, односно дека не сака навивачите да го препознаат.
На сцената настапил вработен од обезбедувањето, кој го замолил непослушниот фудбалер да го напушти просторот.
Втората беља на Балотели е забележана во раните утрински часови во петокот, кога бил фатен во стриптиз-клуб пред саботниот натпревар со Болтон. Иако играше уште од почетокот на тој натпревар, дури постигна и гол во победата од 2-0, наводно, е казнет со 250.000 фунти поради кршење на клупската политика.

Најнови вести