Корисничко име Лозинка Пријави се
21.8.2018

Балотели реши каде ќе игра сезонава

Италијанскиот напаѓач стави крај на сите шпекулации

Повремениот италијански репрезентативец Марио Балотели реши и трета сезона по ред да остане во тимот на Ница. Со оваа одлука, голгетерот стави крај на сите шпекулации за неговото можно заминување од овој клуб. 
Олимпик Марсеј беше заинтересиран за Балотели, но Супер Марио сепак реши да не ја менува средината и да продолжи со Ница и во новата сезона. 
„Клубот и неговиот број девет остануваат и во сезоната 2018/19. Тоа е одлуката. По многу размислување, Марио Балотели реши да остане во Ница. Договорот е постигнат синоќа и за тоа се известени сите во клубот. Ситуацијата се нормализира, иако еден тим од Јужна Франција постојано покажуваше интерес“, стои во соопштението на Ница. 
Балотели, кој го има епитетот „лошо момче“, доживеа вистинска ренесанса по доаѓањето во Ница. Во првите две сезони за овој клуб одигра 66 меча, во кои даде 43 погодоци и се промовираше во еден од лидерите на клубот. 

 

Најнови вести