Корисничко име Лозинка Пријави се
26.3.2012

Реал кај АПОЕЛ без Алонсо и Дијара

Проблемите со дефанзивниот среден ред пред натпреварот од четврт-финалето од Лигата на шампионите му создадоа главоболки на тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо.

На авионот за Кипар, каде што „кралскиот клуб“ гостува кај АПОЕЛ, не се најде францускиот играч за врска Ласана Дијара, и тоа поради проблеми со бутниот мускул на десната нога. Французинот повредата ја заработи минатата недела на мечот со Вилјареал, каде што неговиот тим ремизираше, а тој оттогаш не успеа да закрепне.
Мурињо за средбата со АПОЕЛ нема да може да смета ниту на суспендираниот Чаби Алонсо, така што сега празнината на таа позиција ќе биде огромна. Сами Хедира и Хамит Алтинтоп, или барем еден од нив, се наметнува како реално решение за средбата во Никозија.
Освен овие двајца, Реал Мадрид ќе биде и без услугите на Анхел ди Марија, Рикардо Карвалјо и Калјехон, сите поради повреда.

Најнови вести