Корисничко име Лозинка Пријави се
05.5.2012

Вокер го продолжи договорот

Десниот бек Кајл Вокер потпиша продолжување на договорот и сега се обврзува да остане во Тотенхем сè до 2017 година.

Младиот дваесет и едногодишен фудбалер во тимот од северен Лондон дојде во 2009 година од редовите на Шефилд јунајтед. Минатата сезона ја мина на заем во Квинс парк ренџерс и Астон вила, а во оваа играше на 47 од вкупно 51 натпревар за Тотенхем во сите конкуренции, додека, пак, за англиската репрезентација ги запиша своите два настапи.
Продолжувањето на договорот беше објавено и на клупската интернет-страница. А Вокер оваа сезона настапи на дваесет и пет првенствени натпревари како стартер, на единаесет влегуваше од клупата и постигна два гола, и тоа против Арсенал и Блекбурн.

Најнови вести