Корисничко име Лозинка Пријави се
15.5.2012

Челзи се засили со Хулк?

Медиумите во Англија тврдат дека Челзи успеал да постигне договор со шампионот на Португалија, Порто, за услугите на бразилскиот напаѓач Хулк, кој треба да пристигне на „Стемфорд бриџ“ ова лето.

Бразилецот долго време се поврзуваше со „сините“ од Лондон, а сега и од Португалија стигаат потврдни информации дека е постигнат договор меѓу двата клуба и дека овој трансфер ќе се материјализира на првиот ден од отворањето на летниот трансфер-пазар.
Челзи сè уште не знае кој ќе биде човекот што ќе седи на жешката клупа, но тоа не го сопира сопственикот Роман Абрамович да си го засилува својот тим, откако претходно успеа да се договори за услугите на германскиот репрезентативец Марко Марин.

Најнови вести