Корисничко име Лозинка Пријави се
16.5.2012

Луис и Кејхил се вратија на тренинзите, Малуда и понатаму надвор од погон

Во овој момент Роберто ди Матео, тренерот на Челзи, за саботното големо финале на Лигата на шампионите против Баерн во Минхен не може да смета дури на седум играчи.

Тоа се: суспендираните Џон Тери, Бранислав Ивановиќ, Рамирес и Раул Меирелеш, и повредените Гери Кејхил, Давид Луис и Флоран Малуда.
Но, додека првоспоменатите четворица немаат шанси за настап, останатите тројца би можело да закрепнат на време од повредите. Кејхил, Луис и Малуда се борат со повредите на задниот дел на бутниот мускул. Кејхил се повреди во полуфиналето на Лигата на шампионите против Барселона, Луис во ФА купот против Тотенхем, а Малуда минатата недела во првенствената средба против Блекбурн.
Но Кејхил и Луис се вратија на вчерашниот утрински тренинг, додека Малуда и понатаму се штеди.
За вклучување на тројцата во кадарот пред финалето на Лигата на шампионите одлуката ќе биде донесена во последен момент, а доколку не ја добијат трката со времето, Ди Матео на нивно место ќе мора да повика играчи од младинскиот погон.

Најнови вести