Корисничко име Лозинка Пријави се
04.6.2012

Енрике и Барселона го раскинаа договорот

Неуспешната Одисеја на Енрике Адријано на стариот континент е завршена со заедничка одлука за раскинување на договорот меѓу фудбалерот и каталонскиот клуб.

Барселона го раскина договорот со одбранбениот фудбалер Енрике Адријано една година пред неговото истекување, пренесоа шпанските медиуми.
Бразилецот дојде во Барселона во 2008 година од редовите на Палмеирас за сума од осум милиони евра, но никако не успеа да избори место во првиот тим на екипата, тогаш предводена од Пеп Гвардиола.
Минатата сезона ја мина на заем во матичниот клуб Палмеирас, а претходно, исто така на заем, играше и за Сантандер и Баер Леверкузен.
Овој дваесет и петгодишен дефанзивен играч не одигра ниту еден официјален натпревар за Барселона.

Најнови вести