Корисничко име Лозинка Пријави се
13.6.2011

Новицки и Далас ја освоија НБА

Кошаркарите на Далас го совладаа Мајами во гости со 105:95 и ја освоија својата прва НБА-титула во историјата.

На самиот крај од натпреварот не можеа да веруваат дека навистина станале шампиони, а играчите тоа го примија со неверување, додека, пак, Новицки побегна во соблекувалната. Тоа беше прва титула за Германецот во неговата тринаесетгодишна НБА-кариера, откако претходно еднаш настапи во финалето, исто така, против Мајами. Новицки може да биде и двојно задоволен, бидејќи беше прогласен за најдобар играч на финалната серија.

„Не можам да верувам. Долго и напорно работевме за ова“, изјави по натпреварот Новицки, единствен кој, заедно со Џејсон Тери, во 2006 година загуби во финалето токму од Мајами. Освен Дирк, прв прстен во кариерата освои и Џејсон Кид, еден од најдобрите плејмејкери на сите времиња.

Солзите на лицата на кошаркарите на Мајами ги задоволија навивачите на Далас, кои од 2006 година чекаат одмазда против „жешките“, и ја дочекаа на најдобро место - во Мајами. Тогаш Мајами стигна до победата, враќајќи се од заостанување од 2-0, врзувајќи четири победи во серија.

Малку беа оние кои пред почетокот на сезоната веруваа дека екипата предводена од ветерани може да стигне до тронот, а пред финалната серија,  Мајами беше и прерано прогласен за нов шампион. Но, освен Двејн Вејд, кој пред пет години го совлада Далас, Леброн Џејмс и Крис Бош не успеаја својата работа да ја завршат до крај, па еден од „жешките“ за титулата ќе мора да чекаат наредна шанса.

Најнови вести