Корисничко име Лозинка Пријави се
26.6.2012

Дени Марфи потпиша за второлигашот Блекбурн

Дени Марфи, поранешниот фудбалер на Ливерпул, е нов член на второлигашот Блекбурн.

Триесет и петгодишниот Марфи по 11 сезони поминати во англиската прва лига го напушта највисокиот ранг на англискиот фудбал и се сели во втората лига (Шампионат), иако имаше понуда од Квинс парк ренџерс, кој идната сезона ќе игра во Премиер лигата.
На Марфи му истече договорот со Фулам на крајот на минатата сезона, па благодарение на тоа Блекбурн го доби без оштета. Мартин Јол, менаџерот на екипата од „Крејвен котиџ“, сакаше да го задржи поранешниот англиски репрезентативец, но Блекбурн беше побрз и успеа да го ангажира искусниот играч за врска.
Англичанецот во досегашната кариера играше за Кру, Ливерпул и Тотенхем пред Фулам, а во 701 настап во официјалните натпревари беше стрелец во 117 наврати.

Најнови вести