Корисничко име Лозинка Пријави се
30.6.2012

Интер се раздели со Лусио

Бразилскиот фудбалер Лусио и неговиот довчерашен клуб Интер во ја прекинаа соработката иако дефанзивецот имаше договор на уште две години.

Поранешниот бразилски репрезентативец од доаѓањето од Баерн Минхен во 2009 година настапи на 136 натпревари за Интер и во тој период ја освои шампионската титула во италијанското првенство, двапати Купот на Италија, италијанскиот Супер куп, трофејот во Лигата на шампионите и Светското клупско првенство.
„Со заеднички договор раскинат е договорот меѓу Интер и Лусио. Нему и на неговото семејство фудбалскиот клуб Интер му посакува сè најдобро во иднина“, се вели во соопштението на интернет страницата на клубот од Милано.
Италијанските медиуми шпекулираат дека триесет и четиригодишниот Лусио има устен договор со Јувентус и дека е извесно дека следната сезона ќе го облече дресот на италијанскиот шампион без оштета. Покрај Јувентус, за Бразилецот беа заинтересирани и Фенербахче и Малага, но тој не сакал да ја напушти Италија, па Торино е негов прв избор.

Најнови вести