Корисничко име Лозинка Пријави се
14.7.2012

Четири норвешки фудбалери уапсени заради местење натпревари

Во Норвешка уште трае акцијата на полицијата и апсења во рамките на истрагата за местење на натпревари во третата норвешка лига.

Вчера се уапсени уште четири фудбалери, од кои тројца играат за третолигашот Фоло, кој веќе има еден уапсен фудбалер уште од средата. Четвртиот играч е член на Аскер.
Во фокусот на полициската истрага се два сомнителни натпревари одиграни на 24 јуни: поразот на Фоло кај Оетсиден од 4-3 иако гостинот водел со 3-1 на 20 минути пред крајот, и натпреварот кој Аскер го загуби на гости против Фриго од Осло со 7-1.

Најнови вести