Корисничко име Лозинка Пријави се
31.7.2012

Конте спремен за компромис околу местењето натпревари

Неколку италијански медиуми денес објавија дека Антонио Конте, тренерот на Јувентус, е спремен за компромис на судот на Италијанскиот фудбалски сојуз за да добие помала казна.

Наводно, Конте ќе се изјасни за виновен и ќе добие тримесечна суспензија, што е подобро отколку да се бори за да ја докаже својата невиност и евентуално да заработи повеќе од двојно од казната. Актуелниот тренер на италијанскиот шампион е обвинет дека пропуштил на надлежните да им пријави сомнителни работи и местење резултати на два натпревари на Сиена (Новара, Албинолефе) во периодот кога бил тренер на клубот од Тоскана.
Конте е обвинет од Стефано Каробио, некогашен играч на Сиена, а се чини дека стратегот на Јувентус ќе го признае својот дел од вината и ќе прифати три месеци суспензија и парична казна од 200.000 евра. Ако би се одлучил на докажување на невиноста, му се заканува суспензија од седум месеци.
Италијанците веднаш пресметаа дека Конте во случај на компромис ќе ги пропушти првите 10 натпревари од новата сезона на Серија А, како и трите кола од Лигата на шампионите, а на клупата на Јувентус би се вратил во дербито од 11-тотот коло против Интер. За време на неговото отсуство би требало да го замени Марко Баронио, тренерот на младата екипа, или неговиот асистент Масимо Карера.

Најнови вести