Корисничко име Лозинка Пријави се
18.8.2012

Норвич го позајми Гаридо од Лацио

Англискиот премиерлигаш Норвич објави дека како позајмен фудбалер до крајот на сезоната го ангажирал Хавиер Гаридо од римскиот Лацио.

Норвич има опција на крајот на новата сезона да ја продолжи соработката со Шпанецот ако тој задоволи со неговите игри.
„Одушевен сум што донесовме играч со неговите квалитети. Гаридо играше во Примера, Серија А и во Премиер лигата и ќе биде големо засилување за нашиот состав“, изјави менаџерот на Норвич, Крис Хатон.
Дваесет и седумгодишниот Гаридо кариерата ја почна во Реал Сосиедад, пред да се пресели во Манчестер сити во 2007 година, но таму одигра само 49 натпревари. Не се наигра ниту во Лацио каде од 2010 година настапи на 21 меч за две години.

Најнови вести