Корисничко име Лозинка Пријави се
04.12.2012

15.000 навивачи го испратија Коринтијанс на Светското клупско првенство

Од шести до 16-ти декември Јокохама ќе биде домаќин на Светското клупско фудбалско првенство. Ова ќе биде деветто издание во историјата на ова натпреварување.

Вчера во Јапонија замина бразилската екипа на Коринтијанс, актуелниот победник на Копа Либертадорес, јужноамериканската верзија на Лигата на шампиони, а тој состав, заедно со европскиот шампион Челзи, е главен кандидат за круната.
Навивачите на Коринтијанс направија неверојатно збогување со играчите, па може само да се замисли како ќе биде ако играчите во Бразил се вратат како освојувачи на титулата. Низ целиот град 15.000 навивачи направија голема прослава, а особено на аеродромот, каде што сè беше осветлено со огномет, факли и вжарена атмосфера.
Неколку стотини навивачи го следеа автобусот во којшто се возеа играчите од тренинг-центарот до аеродромот, а тоа е делница од шест километри.

Најнови вести