Корисничко име Лозинка Пријави се
12.12.2012

Верон спортски директор на Естудијантес

Пензионираниот аргентински фудбалер Хуан Себастијан Верон стана спортски директор на клубот Естудијантес, во којшто ја почна неговата одлична кариера.

Верон во Естудијантес ќе биде задолжен за развој и контрола на екипите од сите возрасти, од кадетите, па сè до јуниорите. Аргентинецот, кој од 1993 до 1996, па од 2006 до 2012 година играше за екипата на аргентинскиот прволигаш, кариерата ја заврши оваа година во нисколигашот Брандсен.
Аргентинецот во текот на својата играчка кариера, во која единствено му недостасува титулата од Лигата на шампионите, играше за Бока јуниорс, Сампдорија, Парма, Лацио, Интер, Манчестер јунајтед, Челзи и споменатиот Естудијантес.
За репрезентацијата Верон одигра 73 натпревари во 14 години настапување.

Најнови вести