Корисничко име Лозинка Пријави се
02.1.2013

Капитенот на Спортинг од Лисабон го засили Ридинг

Португалскиот фудбалски клуб Спортинг од Лисабон остана без својот капитен, 24-годишниот Даниел Карисо.

Овој некогашен член на младата фудбалска репрезентација на Португалија до 21 година, според наводите на англискиот печат, потпишал договор со Ридинг до 2015 година, а како и обично кога се во прашање англиските клубови, финансиската позадина на договорот е непозната, макар што преку извор во Спортинг се шпекулира за оштета од 3,6 милиони евра.
Карисо е одбранбен играч кој во текот на кариерата често се селеше и на позицијата последен играч за врска, а во Ридинг го очекува борба за опстанок во Премиер лигата.
Ридинг моментно се наоѓа на претпоследното место на табелата и за да се спаси, барем моментно, му недостасуваат пет бодови.

Најнови вести