Корисничко име Лозинка Пријави се
02.1.2013

Насри суспендиран на три натпревари, Сити ја прифати казната

Самир Насри, крилниот напаѓач на Манчестер сити, е казнет со три натпревари суспензија поради удирање на Себастијан Басонг, играчот на Норвич, за време на саботниот премиерлигашки натпревар од 20-тото коло.

Иако Насри заработи црвен картон уште на крајот на првиот дел и ги остави своите соиграчи на цедило, Манчестер сити сепак дојде до победа од 4-3.
Дисциплинската комисија на Англискиот фудбалски сојуз го казни францускиот фудбалер со забрана за настап на три натпревари.
Манчестер сити ја прифати казната, па Насри не настапи на натпреварот против Стоук во првиот ден од 2013 година, а ќе ја пропушти и средбата од ФА купот против Ватфорд на петти јануари, како и гостувањето кај својот поранешен клуб Арсенал на 13-ти јануари.

Најнови вести