Корисничко име Лозинка Пријави се
05.3.2013

Касано казнет со 40.000 евра поради караницата со тренерот

Жолчниот вербален дуел со тренерот Андреа Страмачони, кој се случи минатиот петок на тренингот на Интер од Милано, го чинеше Антонио Касано 40.000 евра.

Касано вчера се врати на тренинзите и се извини за своите постапки пред целата соблекувална на Интер, но и покрај тоа не ја избегна паричната казна, а претходно веќе беше казнет со суспензија за средбата од Серија А против Катанија во неделата.
Се очекува лошото момче на италијанскиот фудбал да се врати во составот на „нераѕурите“ во четврток за првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на Европа против Тотенхем.

Најнови вести