07.3.2013 Сколари: Подобро е Нејмар сега да не оди во Барселона
Луис Фелипе Сколари, селекторот на бразилската фудбалска репрезентација, му порача на Нејмар дека во овој момент одењето во Барселона не би било добар потег.
Младиот талентиран 21-годишен напаѓач на Сантос веќе со месеци е цел на многу европски клубови, а најмногу се поврзува со шпанскиот гигант Барселона. Но младиот фудбалер и понатаму е во Сантос, а Сколари смета дека најдобро би било тука да остане сè до завршувањето на Светското првенство чиј домаќин ќе биде Бразил следната година.
„Нејмар требаше да отиде во Барселона пред две години, но сега е подобро да остане во Сантос. Којзнае како би се адаптирал во Барселона. Дали би бил препуштен самиот себеси? Дали би почнувал натпревари? Дали воопшто би играл во екипата преполна со ѕвезди? За Светското првенство 2014 и за Бразил најдобро би било сега да не оди никаде“, изјави Сколари.
Нејмар досега одигра 28 натпревари за сениорската бразилска репрезентација и постигна 17 погодоци.