Корисничко име Лозинка Пријави се
25.3.2013

Холанѓанецот Ван Волфсвинкел ново засилување на Норвич

Рики ван Волфсвинкел, 24-годишниот холандски напаѓач на Спортинг од Лисабон, од ова лето и официјално ќе ги засили редовите на англискиот фудбалски прволигаш Норвич.

Договорот на трансферот е потврден од двата клуба, иако не е позната висината на оштетата. Ван Волфсвинкел во Норвич ќе дојде на први јуни и ќе потпише четиригодишен договор.
На Холанѓанецот тоа ќе му биде четврти клуб во кариерата, по Витесе, Утрехт и Спортинг, за кого комбинирано постигна 82 погодоци во 188 натпревари.
„Профилот на Рики совршено ни одговара. Тој е млад и амбициозен, а веќе е докажан стрелец. Воодушевен сум што успеавме да се договориме со Спортинг и што ќе можеме Рики да го поздравиме во клубот од јуни, веднаш кога ќе биде комплетирана целата документација“, изјави менаџерот на Норвич, Крис Хјутон.

Најнови вести