Корисничко име Лозинка Пријави се
28.3.2013

Вилшер дефинитивно ќе го пропушти Ридинг

Арсен Венгер, менаџерот на Арсенал, откри дека Џек Вилшер, 21-годишниот играч за врска на неговата екипа, дефинитивно нема да заигра во саботната премиерлигашка средба против Ридинг.

Причина е обновената повреда на глуждот, која од теренот претходно го оддалечи дури 16 месеци.
„Искрено, многу е тешко да се каже кога ќе се врати, може за две седмици. Се работи за воспаление на коската, а со оглед на неговата историја, мораме да бидеме внимателни. Ја одложивме неговата рехабилитација за една седмица бидејќи медицински гледано така е мудро. Тој знае дека мора да се грижи за својата иднина. Многу е млад играч и тоа го прифаќа“ рече Венгер.
Францускиот стручњак додаде дека средбата против Ридинг, покрај Вилшер, ќе ја пропуштат и повредените Тео Волкот и Абу Дијаби, како и болниот Киран Гибс.

Најнови вести