Корисничко име Лозинка Пријави се
08.4.2013

Кјуел нов играч на Ал-Гарафа

Хари Кјуел, 34-годишниот поранешен фудбалер на Ливерпул и Лидс јунајтед, е нов играч на катарскиот фудбалски клуб Ал-Гарафа, со кого потпиша краткотраен договор и на тој начин му стави крај на едногодишниот период без клуб.

Кјуел ги напушти редовите на Мелбурн виктори во 2012 година само по една година, избирајќи ја опцијата да се врати во Велика Британија, каде што се пресели на 15-годишна возраст, од семејни причини.
Од Ал-Гарафа потврдија дека Кјуел стана нивни член, а договорот му важи до крајот на сезоната во катарската лига, која завршува во мај.
На Кјуел Ал-Гарафа му е петти различен клуб во кариерата, а покрај споменатите Лидс, Ливерпул и Мелбурн виктори, ги бранеше и боите на Галатасарај. За репрезентацијата на Австралија од 1996 година овој офанзивен играч за врска собра 58 настапи и притоа постигна 17 голови.