Корисничко име Лозинка Пријави се
11.9.2014

Георгиевски ќе игра во Мелбурн Виктори

Македонскиот репрезентативец Даниел Георгиевски потпиша договор со австралискиот клуб Мелбурн Виктори.

Георгиевски по девет години повторно се враќа во својата родна земја и ќе игра за екипата на Мелбурн Виктори. Георгиевски е роден во Австралија, но настапува за македонската репрезентација.
„Среќен сум што можам да кажам дека сум нов играч на Мелбурн Виктори. Со нетрпение чекам да почне сезоната“, порача Георгиевски на својот профил на „Фејсбук“.
Македонскиот репрезентативен бек по завршувањето на договорот со романскиот шампион Стеауа имаше понуди од Германија и од некои други клубови од Европа, но тој одлучи да се врати во Австралија, каде што со екипата од Мелбурн потпиша едногодишен договор.
Мелбурн Виктори е релативно млад клуб кој постои десет години, но е многу популарен во земјата и има освоено две шампионски титули.