Корисничко име Лозинка Пријави се
24.7.2013

Арсенал за Суарес понуди 40 милиони и една фунта!

Според пишувањата на британските медиуми, Арсенал ја активира откупната клаузула во договорот на Ливерпул со фудбалерот Луис Суарес.

Откако го пропуштија Гонзало Игуаин, кој, веројатно, ќе ги засили редовите на италијанскиот Наполи, во Арсенал се одлучија да направат сè што е во нивна моќ да го доведат одличниот уругвајски напаѓач Луис Суарес. Но, понудата која „топчиите“ им ја испратија на Ливерпул не е вообичаена.
И додека сите клубови нудат заокружени бројки при понудите за трансфер, Арсенал за Суарес понуди 40 милиони и една фунта (40.000.001)! Откупната клаузула на Суарес изнесува само за таа една фунта помалку и засега не е позната причината поради која Арсенал се одлучи да додаде уште една.
„Црвените“ денес играат пријателски натпревар против австралискиот Мелбурн виктори, а според британскиот печат, управата ќе го извести Суарес за понудата на Арсенал веднаш по средбата.

Најнови вести