Корисничко име Лозинка Пријави се
10.4.2013

Балотели суспендиран на три натпревари поради пцуење на судијата

Проблематичниот италијански фудбалер Марио Балотели, фудбалерот на Милан, го пцуел судијата на првенствената средба во Фиренца, каде што неговата екипа ремизираше со Фиорентина (2-2).

Дисциплинската комисија на Италијанскиот фудбалски сојуз го анализирала случајот на Балотели, кој, наводно, го пцуел едниот од судиските помошници во текот на средбата. Таквите наводи се потврдени, а казната за Балотели е забранет настап на идните три натпревари.
Милан моментно се бори за второто место, кое директно води во Лигата на шампионите идната сезона, односно за зачувување на својата моментно трета позиција, која носи играње во квалификациите за споменатото натпреварување.
Балотели поради ова ќе ги пропушти важните натпревари против Наполи и Катанија на домашен терен, како и гостувањето кај Јувентус.

Најнови вести