Корисничко име Лозинка Пријави се
18.4.2013

Палермо кај Катанија без капитенот Миколи

Италијанскиот фудбалски клуб Палермо потврди дека претстојниот викенд, во средбата од 33-тото коло на Серија А против Катанија нема да го има на располагање својот капитен Фабрицио Миколи.

Палермо, кој моментно се наоѓа во зоната за испаѓање со два бода помалку од местото кое значи останок во Серија А, во недела гостува во сицилијанското дерби кај Катанија ослабен со неиграњето на стрелецот на шест погодоци оваа сезона.
Триесет и тригодишниот Миколи и понатаму има проблеми со мускулот на ногата, па клубот го испрати во Варезе на преглед кај специјалист. “Росонерите“ се надеваат дека до натпреварот од 34-тото коло, домашниот дуел против Интер, ќе го имаат на располагање искусниот напаѓач.

Најнови вести