Корисничко име Лозинка Пријави се
18.4.2013

Серхио Агеро поради повреда веројатно ќе го пропушти гостувањето кај Тотенхем

Серхио Агеро, аргентинскиот напаѓач на Манчестер сити, би можело да го пропушти неделниот премиерлигашки дуел против фудбалерите на Тотенхем.

Агеро е изнесен од теренот во второто полувреме од натпреварот против Виган (вчера, победа од 1-0) поради болки во задниот дел на бутниот мускул.
„Почувствува затегнување во задниот дел на бутниот мускул, па не сакавме да ризикуваме влошување на повредата. Засега не можам да кажам колку е сериозна повредата, но свесен сум дека неговиот настап е под голем знак прашалник“, изјави помошникот на менаџерот Роберто Манчини, Дејвид Плат.
Претстојниот викенд на распоредот е 34-тото коло на англиското првенство. Тотенхем, кој ќе биде домаќин на Манчестер сити, се бори за двете места кои наредната година водат во Лигата на шампионите, додека „граѓаните“ може да бидат мирни на второто место на првенствената табела со 13 бодови помалку од лидерот Манчестер јунајтед (и натпревар помалку), а со седум повеќе од третопласираниот Челзи.

Најнови вести