Корисничко име Лозинка Пријави се
29.4.2013

Мајнц до крајот на сезоната без најдобриот стрелец

Непосредно пред натпреварот од 31-то коло на германското фудбалско првенство против Ајнтрахт, во Мајнц објавија дека до крајот на сезоната нема да може да сметаат на својот најдобар стрелец Адам Салаи.

Унгарскиот напаѓач се повреди минатиот викенд во натпреварот против Борусија Дортмунд, кога му пукна лумбалниот пршлен, што од тренингот ќе го оддалечи неколку седмици.
Салаи оваа сезона постигна 13 бундеслигашки голови и неговото неиграње во последните три кола ќе биде голем удар за Мајнц.
Пред натпреварот против Ајнтрахт, 11-пласираниот Мајнц постигна само шест голови во последните осум натпревари.

Најнови вести