Корисничко име Лозинка Пријави се
29.4.2013

Фигероа нема да игра за Виган во финишот

Мајнор Фигероа, хондурашкиот одбранбен играч на Виган, би можело да паузира до крајот на сезоната по повредата на препоните здобиена во 35-тото коло на англиското фудбалско првенство против Тотенхем.

Фигероа се повреди уште во првото полувреме на средбата против Тотенхем на „ДВ стадионот“ (2-2), а од игра мораше да излезе во 35-тата минута.
Иако тежината на повредата на Фигероа официјално сè уште не е позната, Роберто Мартинес, менаџерот на Виган, даде знак фудбалерот нема да до крајот на сезоната, вклучувајќи го и финалниот натпревар на ФА купот против Манчестер сити на „Вембли“ на 11-ти мај.
„Првичната реакција е дека Фигероа би требало да биде аут за сезоната. Се работи за истегнување на препоните. Препоните му се растегнаа, а остатокот од телото му се распадна. Мора да ја видиме тежината на повредата, но моментно е на патерици“, изјави Мартинес.
Виган моментно е во зоната за испаѓање на 18-тото место на премиерлигашката табела, а два бода го делат од сигурната зона. Фигероа оваа сезона е редовен првотимец на Виган и одигра 33 лигашки средби.

Најнови вести