Корисничко име Лозинка Пријави се
22.5.2013

По седум години се разделија Пулис и Стоук

Вчера премиерлигашот Стоук објави дека ја прекинува соработката со 55-годишниот тренер Тони Пулис по седум години.

Пулис на клупата на Стоук дојде во 2006 година, а по две години екипата ја воведе во Премиер лигата. Потоа Стоук играше и во финалето на ФА купот, а настапуваше и во Европа (Лигата на Европа). Тони Пулис беше омилен меѓу навивачите, но и сакан кај играчите, а ценет од управата на клубот.
Оваа сезона Стоук првенството го заврши на 13-тото место, а медиумите од Островот засега не објавуваат кои се причините за крајот на оваа соработка.
Роберто ди Матео, минатогодишниот тренер на Челзи и европски шампион со тој клуб, се споменува како најголем фаворит за испразнетото тренерско место на оваа екипа, а покрај него се шпекулира и со името на Марк Хјуз.

Најнови вести