Корисничко име Лозинка Пријави се
29.5.2013

Карвалјо од Реал во Монако

Меѓу Реал Мадрид и Монако официјално е реализиран трансферот на 35-годишниот стопер Рикардо Карвалјо, поранешен португалски фудбалски репрезентативец.

Монако со Карвалјо потпиша едногодишен договор, со опција на дополнително продолжување.
„Многу сум среќен што му се приклучив на Монако и што ќе бидам дел од нова авантура. Ова за мене е нов предизвик“, изјави Карвалјо, кој во Монако доаѓа без оштета откако му истече договорот со Реал Мадрид.
Карвалјо во Реал играше последните три години, а претходно во текот на кариерата го носеше дресот на Виторија, Алверка, Порто и Челзи.
Карвалјо во Монако е трето засилување за следната сезона, откако клубот се врати во првата француска лига, по Жоао Мутињо и Џејмс Родригес, а наскоро се очекува официјално да потпише и Радамел Фалкао.

Најнови вести