Корисничко име Лозинка Пријави се
08.6.2013

Чаби Алонсо ги оперираше препоните

Фудбалерот од средината на теренот на Реал Мадрид и на шпанската репрезентација, Чаби Алонсо, е подложен на оперативен зафат кај специјалист во Минхен.

Со оваа повреда триесет и едногодишниот Алонсо се мачеше во завршницата на сезоната и поради тоа беше изоставен од списокот на Шпанија за Купот на конфедерациите.
Шпанските медиуми шпекулираат дека Алонсо ќе отсуствува од терените меѓу три и четири месеци, а Реал Мадрид не соопшти процена за тоа колку долго ќе биде неговото отсуство.
Минатата сезона Алонсо имаше 28 настапи во шпанското првенство и 10 во Лигата на шампионите. 

Најнови вести