Корисничко име Лозинка Пријави се
19.7.2013

Андре Сантос две години во Фламенго

Откако самиот успеа договорно да ја раскине соработката со Арсенал, откупувајќи се од англискиот премиеригаш, 30-годишниот бразилски одбранбен фудбалер Андре Сантос пронајде нов клуб.

Сантос вчера ги помина лекарските прегледи и потпиша двегодишен договор со Фламенго. Со оглед на тоа дека инвестираше во својата слобода, самиот е сопственик на 50% од новиот договор.
Во славниот клуб од Рио де Жанеиро левиот бек повторно се здружува со тренерот Мано Менезес. Тој го водеше во Коринтијанс, клубот од кого што во 2009 година отиде во Европа (Фенербахче), како и во бразилската репрезентација, за која настапи 24 пати.
Во Фламенго Сантос веќе има играно, и тоа на заем од Фигеиренсе во текот на сезоната 2005/06.

Најнови вести