Корисничко име Лозинка Пријави се
21.8.2013

Чаби Алонсо надвор од теренот два до три месеци

Чаби Алонсо, триесет и едногодишниот фудбалер за врска на Реал Мадрид, по враќањето на тренинзите по оперативниот зафат, повторно се соочува со подолга пауза.

Во текот на денешниот утрински тренинг Алонсо претрпе повреда на петтата метатарзална коска во стапалото, што воедно е и втора најмала коска во стапалото. Шпанскиот репрезентативец, кој само што закрепна од операцијата и рехабилитацијата на препоните, треба да отсуствува меѓу два или три месеци!
Со ваква повреда минатата сезона се здоби и неговиот клупски колега Марсело, кој поради тоа не играше од 12-ти октомври, па сè до 15-ти јануари.

Најнови вести