Корисничко име Лозинка Пријави се
23.9.2013

Повредата на Бејл не е тешка

Велшкиот фудбалер Герет Бејл оваа недела требаше да го одигра првиот натпревар за Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“, но во тоа го спречи болката во бутниот мускул на левата нога.

Бејл веќе беше пријавен за стартниот состав во дуелот против Хетафе (победа на Реал со 4-1) во петтото коло на Примера лигата, но по загревањето, тренерот Карло Анчелоти го замени со Иско, кој според првиот план, требаше да добие одмор. Реал подоцна соопшти дека Бејл го пропуштил натпреварот поради внимателност, а повеќе детали за повредата ќе бидат познати по денешниот преглед во болница.
„Марка“, пак, наведува дека повредата не е од сериозна природа и дека Бејл ќе може да игра во среда против Елче, а најдоцна идниот викенд во градското дерби против Атлетико.

Најнови вести