Корисничко име Лозинка Пријави се
11.10.2013

Нејмар се повреди на тренинг

Напаѓачот на Барселона, Нејмар, го повреди колкот на тренингот на репрезентацијата на Бразил, по што е неизвесен неговиот настап на пријателскиот натпревар против Јужна Кореја.

Нејмар незгодно падна на земја по еден дуел со фудбалерот на Лацио Ернанес на вчерашниот тренинг во Сеул.
Медицинскиот тим на бразилската репрезентација соопшти дека е рано да се зборува за степшенот на повредата додека не се извршат дополнителни тестови.
Напаѓачот на Зенит, Хулк, го замени Нејмар меѓу стартерите во продолжението на тренингот.
Бразил денеска игра против Јужна Кореја, а во вторник ќе тестира против Замбија во Пекинг.

Најнови вести