Корисничко име Лозинка Пријави се
30.10.2013

Алонсо може да заигра против Севилја

Чаби Алонсо, искусниот 31-годишен дефанзивен фудбалер за врска на Реал Мадрид, би можело да ги одигра своите први минути оваа сезона во денешната лигашка средба против Севилја.

Повредата на препоните и стапалата го оддалечи Алонсо од натпреварувачкиот ритам од почетокот на сезоната, но сега е целосно заздравен и би можело да добие шанса против андалузискиот состав.
„На располагање е. Тренира со екипата и мислам дека денес би можело да почне на клупата, а може да се обидам да му дадам минути на теренот. Ги има сите квалитети за да ѝ помогне на екипата да игра подобро. Има искуство, квалитет и добар став. Тој за нас е важен играч“, изјави Карло Анчелоти, тренерот на Реал.
Реал против Севилја ќе се обиде да се врати на победничкиот колосек по поразот од 2-1 од Барселона во Ел класико.
„Многу сме блиску до играта која се обидуваме да ја играме. Против Барселона ни недостасуваше континуитет. Во второто полувреме имавме контролата на натпреварот и игравме со интензитет. Мора да играте секоја минута со еднаков интензитет“, додаде Анчелоти.

Најнови вести